Родителите едноставно се ќе направат за своите деца за тие да бидат среќни и детството да им помине што е можно побезболно. Така и Дерек Пру од Канада, татко на осумгодишно момченце, решил да си истетовира младеж на градите, ист онаков каков што имал неговиот син Дерек јуниор.

Имено, таткото забележал дека неговиот син се срами од големиот младеж на градите и дека на базен не сака да ја слече маицата, па тајно направил тетоважа на истото место со цел да му биде поддршка на синот. 30 часа поминал кај тату-мајстор, а потоа отишол со синот на базен и се соблекол. Дерек јуниор бил трогнат од гестот на татко му. 

„Не знаев дека го направил тоа“, рекол малиот.