Доколку се сомневавте дека вистинската љубов е само бајка, оваа вистинска приказна ќе ве разубеди. 

Вистинската љубов не постои само во филмовите, како што многумина мислат. Постојат парови кои докажуваат дека големите љубови, кои траат цел живот, се навистина возможни, само треба да се наиде на „сродната душа”, што е многу ретко.

Овој пар и нивната љубовна приказна ќе ви ја врати вербата во вистинска љубов и ќе ви покаже дека никогаш не треба да губите надеж, ниту да се откажете од љубовта.

Лес Браун Џуниор и неговата сопруга Хелен се родиле на ист ден – 31 декември 1918 година. Штом се запознале во средно училиште, знаеле дека ќе бидат нераздвојни. Лес доаѓал од богато семејство, а Хелен од работничко. Нивните родители не ја одобрувале врската, ги уверувале дека класната разлика е непремостлив проблем. Но, тие го докажале спротивното. Се венчале, станале родители и секој ден биле заедно, среќни еден со друг. Во длабока старост Хелен се разболела од рак на желудникот, а Лес се борел со паркинсова Болест. После 75 години брак, таа починала на 16 јули 2013 година, а тој еден ден подоцна бидејќи не можел да живее без неа ниту ден повеќе.