x

Елмас од клупа го стартува вечерашното куп финале!?

Вака го најавуваат италијанските медиуми вечерапниот последен меч од овогодинешното куп издание на Италија помеѓу екипите на Наполи и Јувентус кое почнува во 21:00 часот.

Нашиот интернационалец според сите најави, нема да биде во стартните единаесет на тренерот Џенаро Гатузо, затоа што од повредата се опораци Фабиан Руиз и тој ќе стартува вечер против Јуве.

Од друга страна пак, Елмас ќе ја чека шансата од клупа и ќе се надева на прв трофеј во својата кариера како интернационалец. Елмас го одигра полуфиналето против Интер, и тоа во стартниот состав.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата