x

Елмас нема да добие нов тренер: Наполи со Гатузо бил долгорочен проект!

Иако нема којзнае какви резултати со Наполи, а претходно и со Милан, италијанските медиуми најавуваат дека газдата на наполитанците Аурелио де Лаурентис ни во сон не размислува да го смени Џенаро Гатузо.

Уште повеќе, се најавува дека Наполи со Гатузо бил долгорочен проект и се верува дека со постоечкиот сратег, тимот од „Сан Паоло“ ќе ги достигне височините. Тоа значи дека нашиот Елиф Елмас и во следната сезона ќе биде трениран од истиот стратег. 

Злобниците велат дела Гатузо останува во Наполи само поради фактот дека тој не се буни поради чудните потези на Лаурентис во врска со трансферите на играчите. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата