x

Елмас и Наполи не издржаа во Болоња, сега Милан може да им го грабне местото во Европа (видео)

Наполи остана без два бода во дуелот со Болоња во 33. коло на Серија А (1:1). Тимот од Сан Паоло за кого од стартот играше Елиф Елмас добро почна, уште во 7. минута по корнерот на Политано прецизно стрелаше дефанзивецот Манолас.

Во второто полувреме Болоња притискаше, го погоди голот во 67. минута но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, Муса Бароу во 80 минута ја погоди мрежата на Мерет за конечни 1:1. Елмас играше до 69. минута кога беше заменет со Фабијан Руиз.

Наполи остана на позиција шест, последна која води во Лига Европа, но сега опасно му се приближи Милан.

„Росонерите“ со 3:1 славеа против Парма и сега имаат исто бодови со Наполи, но полоша гол-разлика. Милан фати ритам после паузата поради коронавирусот и игра посигурно и освојува бодови. Вечерва губеше но го сврте резултатот во своја корист. Франк Кеси со супер-гол го најави пресвртот. По него погоди Ромањоли и Чаланоглу.

А Сампдорија со 3:0 триумфираше против Каљари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата