x

Елмас за превзема седумката на Каљехон

elmas-nova

Елиф Елмас во следната сезона ќе има нов број на грбот. Македонскиот репрезентативец ќе заигра во дресот со број седум кој досега во Наполи беше сопственост на Каљехон.

Елмас го носеше дресот со број 12, но како стекнува се поголем авторитет во клубот, односно неговиот стаж е поголем, така и тој ќе има поголеми привилегии.

Нашиот интернационалец изминатиот период покажа и докажа дека може да игра сериозна улога во тимот, не само епизодна, тренерот Џенаро Гатузо добива се поголема доверба во Елмас кој реално се уште е доста млад, но како одминува времето се повеќе е јасно дека нашиот репрезентативец не само што одлично се снаоѓа во Наполи туку и станува важна алка во ростерот кој е создаден за успеси и сериозни резултати како во Италија, така и на интернационална сцена.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата