Слушам и неможам да верувам, читам и шокирана сум до бескрај… Што да напишам? Што да кажам? Боли кога ќе згасне млад живот, посебно уметничка душа обожавана од сите и од колегите. Знаевме да се скараме, знаеше да се нашали, не бевме најблиски ама се почитувавме. Не ми се верува дека вчера околу ручек ми пиша да направиме дует за “Усни како темно мастило” што требаше да го направиме одамна, а денес веќе го нема! На следната слика ја ставив пораката. Некогаш не разбирам зошто Бог ги зема ваквите луѓе, но верувам дека сега таму кадешто е, посреќен е… Почивај во мир, поздрави го Тоше и татко ми, еден ден таму некаде ќе си пееме и ќе си го испееме и дуетот. ???

A post shared by E L E N A ♥️? (@elenaristeskaofficial) onJul 7, 2018 at 7:05am PDT

Познатиот македонски пејач и миленик на публиката, Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во автомобил, ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство. Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот. Како што соопшти МВР,на 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Македонска бригада”, во патничко моторно возило “Тојота” пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.