Влатко Илиевски и Елена Ристеска веќе не се непријатели! Пејачите после неколкугодишен молк и некомуникација решиле да ги закопаат секирите и да му дадат уште една шанса на пријателството. Зошто биле скарани, како што вели Илиевски, не знаат ни самите, едноставно пред неколку години престанале да зборуваат.

Како што “случајно” престанале да зборуваат, случајно и се смириле и тоа на една свадба, на која присуствувале и двајцата.

“Не можам ни да претпоставам зошто толку време сме биле скарани, постојано се избегнувавме по разни настани, се до минатото лето, кога на свадбата на Тамара се најдовме на иста маса… Се сеќавам дека неколку пати се разминавме се додека во еден момент случајно не почнавме да разговараме. Се изгушкавме и си се извинивме еден на друг, ако нешто сме си згрешиле и се договоривме повеќе никогаш да не се караме,” ни ја откри својата верзија од приказната Илиевски.

Пејачот уште ни откри дека не само што си простиле за недоразбирањето, заради кое не зборувале цели пет години, и сега се повторно пријатели, туку решиле и да соработуваат. Така, Елена е потписник на новата песна на Влатче, односно насловната нумера од неговиот албум што, доколку се оди според планираното, би требало да биде објавен пролетва.

Се вели – кога јажето ќе се скине може да се врзе, ама јазолот останува, но очигледно за Елена и Влатко ова не важи. Зошто тие сега не само што имаат старо-ново другарство имаат и потенцијален хит.
Епа, Влатче сега е до тебе и ти се смее, па ти си најбогат на свет! И без карање!