Елена Петреска нема време за себе. Пејачката иако малку ја има по медиумите, а и одамна не сме чуле нешто ново од неа, сепак, вели дека и е посветена само на работата. Деновиве вниманието и е насочено на Мајските оперски вечери, а во меѓувреме се подготвува и за Охрид фест. За песната со која ќе настапи на Охридскиот фестивал Елена вели дека е рано да зборува, иако знае дека ќе ја работи со Дарко Тасев.

“Имам многу работа, што на работа, што по фестивали, што по ноќни свирки. Ќе настапам на Охридскиот фестивал, но не сакам да откривам ништо за тоа”, вели Петреска, која наскоро во студијата на АБ Канал ќе снима ДВД на кое ќе пее свои и странски композиции.

(Ан.Ѓ.)