Во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 7 см над минималната кота. Зголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10.000 m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим, велат од Елем.

Оттаму додаваат дека проектот на чистење е финансиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга.

„На барање на изведувачот на работите (во прилог), АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница.

Работите успешно завршија и вчера (17.9.2020 година), при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в., заврши понатамошното намалување на нивото.

Инаку, дозволените коти на Охридско Езеро согласно водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693.75 до 693.10“, се вели во реакцијата на компанијата.

извор: Makfax