x

Елверум е хит, 200 фанови платија билети за тренинг

screenshot_20200721_211646

Елверум е вистински хит. Норвешкиот тим направи вистински БУМ, откако во своите редови успеа да го донесе Лук Абало од ПСЖ.

А колку фановите на Елверум се загреани, покрај речиси распродадените сезонски билети, дел од навивачите поточно околу 200 купиле билети за тренинг, кои чинат едно евро. Поради пандемијата коронавирус во салата не е дозволено повеќе од 200 лица, во спротивно ракометарите ќе имаа полна сала за време на еден од тренинзите во рамките на подготовките за новата сезона.

Елверум е еден од противниците на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата