x

Екс-фудбалер на Шкендија играл позитивен на Ковид-19, па го заразил целиот противнички тим!!!

Мартин Кавдански, некогашниот стопер на Шкендија направил голема белја во бугарскиот фудбал. Имено дефанзивецот на Царско село играл натпревар и тоа заразен од коронавирус, против составот на Черно Море. Од него најверојатно се заразиле двајца од противничкиот табор, за да потоа, како што самиот клуб информираше денеска, дури 16 играчи биле позитивни на тестот.

А Черно Море е еден од тимовите кој се бори за излез во Европа.
Сега сите играчи, сите членови на Черно Море се во карантин, исто како оние во Царско цело, во тимот на Кавдански, каде последните тестови покажале дека четворица се со позитивни на Ковид-19.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата