x

Екс спортскиот директор на Барса: Го сакав Халанд, ама клубот не ме послуша

haland

Ариедо Браида, човекот кој беше разрешен од функцијата спортски директор на Барселона во 2019 година, тврди дека го имал на „око“ Ерлинг Халанд, но дека раководството не се сложувало со него за носење на норвежанецот на „Камп Ноу“.

Тоа се случувало кога играчот настапувал во младинските категории и во норвешкото првенство.

„Го гледав Халанд уште кога настапуваше за Розенборг. Го имав запишано во тефтерот, но од Барселона сметаа дека не е доволно добар да го донесеме“, рече Браида.

Но, интересно е тоа што Халанд нема играно во Розенборг. Тој во Бруне и преку Молде, замина во Салцбург, а потоа во Дортмунд.

Браида дополни дека трансфер политиката на Барса во последните неколку години е катастрофална, и дека се испуштени многу таленти, а донесени некои играчи кои не доликуваат на големината на Каталонците.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата