Некогашниот олимписки првак во нордиско трчање, Норвежанецот Петер Нортхуг е во големи проблеми. Откако полицијата го запрела за пребрзо возење констатирала дека е во алкохолизирана состојба, а откако му било направено и тестирање пронајдени се и остатоци од кокаин. Конечно, бил направен претрес во неговиот стан, дрога била пронајдена и таму, по што следи нормално процесуирање на случајот.
„Направи голема грешка. Полицијата ме сопре за брзо возење. Потоа беше направен претрес, пронајдена е дрога во мојот стан и јас ја презимам целата одговорност и последиците кои следат“ – изјави некогашниот Норвешки репрезентативец.