x

Екс-девојката на Емери се отвори: Мене ме обвинуваше за неуспехот на Арсенал

Унаи Емери ја нарекол својата поранешна девојка „бела вештерка“ и ја обвинил за неговиот неуспех во Арсенал. Шпанецот беше на чело на „топчиите“ 18 месеци, но беше разрешен минатиот ноември кога беше заменет со Микел Артета.

Неговата поранешна љубовница Саша Рајт, инаку 13 години помлада од Емери, во изјава за англиските весници вели дека Шпанецот неа ја обвинил за неуспехот на чело на лондонскиот тим. Двојката се раздели минатиот септември.

„Тогаш, мене ме обвинуваше дека му носам несреќа. Ми рече дека сум бела вештерка бидејќи му донесов толку многу лоша среќа. Јас полетав да се видиме во Сан Себастијан непосредно пред новогодишната ноќ и токму тогаш ме обвини за поразите на Арсенал. Му верував на Унаи и навистина верував дека ќе се земеме и ќе имаме деца заедно еден ден. Мислев дека тој е џентлмен и вистински семеен човек. Но, на крајот сфатив дека тој не е подготвен за сериозна врска“, изјавила Рајт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата