x

Екс-вардарецот Барсегјан се сели во Астана

Тигран Барсегјан е пред трансфер во Астана, во најдобриот клуб во Казахстан. Како што пишуваат медиумите во таа земја, преговорите завршиле успешно, останува само потписот  и промоцијата на некогашниот миленик на фановите на Вардар. Да потсетиме дека Барсегјан во јануари минатата година од Вардар се пресели во Каизар. 

Ерменецот во нашиот најтрофеен клуб остави длабока трага. Беше член на Вардар од август 2016 до јануари 2019. Исто така беше дел од златната генерација на скопските црвено – црни, која во есента 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата