Експлозија пред хотел
Рачна бомба експлодира вчера изутрина во близина на еден хотел во Приштина, соопшти портпаролот на косовската полиција Сабрије Камбери. Според неа, бомбата експлодирала на паркингот зад хотелот. При експлозијата нема повредени, а причинета е само мала материјална штета. Полицијата веднаш го блокира местото на инцидентот, а специјалната единица на КФОР изврши увид.