Во експлозија во центарот на Белград, што се случи утринава околу 10 часот, загина едно, а повредени се најмалку две лица.

Како што пренесуваат српските медиуми, експлозијата се случила пред згрдата на РТС во Абердарева улица, каде што работници работеле на реконструкција на инсталации. Не е позната точната причина за експлозијата, но според првичните непотврдени информации, екипите на терен се сомневаат дека дошло до експлозија на боца за заварување.

 

Како што пренесува РТС, пак,, меѓу работниците има повредени, од кои еден потешко, а друг полесно.Според телевизијата, од силината на експлозијата биле уништени неколку службени возила, а се искршиле и прозорци на зградата. Противпожарни и полициски екипи во моментов се на терен и целосно е блокиран пристапот до тој дел на градот.