Експлозија во фабрика во Индија, загинаа најмалку 12 лица
Најмалку 12 лица настрадаа, а околу 50 се повредени при експлозија во фабрика за хемикалии во државата Махараштра во западниот дел од Индија, соопштија медицинските лица и полицијата во земјата.
„Тука се примени околу 37 повредени, а уште 12 пациенти се префрлени во најблиската болница“ изјавија од локалната болница за „Ројтерс“.
Од полицијата соопштија дека не е позната точната причина за експлозијата, но дека огнот ја зафатил и најблиската зграда и предизвикал пожар.
извор: Makfax