Четири лица се повредени во експлозија што се случи на гробишта за немуслимани во Саудиска Арабија, пренесува АП.

Експлозијата се случила за време на комеморацијата по повод крајот на Првата светска војна одржана на гробиштата во саудискиот град Еда, каде биле присутни европски дипломати, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

„ Годишното одбележување на годишнината од крајот на Првата светска војна, одржано на немуслиманските гробишта во Еда, на кое присуствуваа членови на повеќе конзулати, вклучувајќи го и францускиот, беше цел на напад со импровизирана експлозивна направа утрово, при што беа повредени неколку лица“, се вели во соопштението на француското Министерство.

„ Франција остро го осудува овој кукавички и неоправдан напад“, се вели во соопштението.

АП наведува дека идентитетот на повредените сè уште не е познат, а никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.

Експлозијата ја потврди и грчки официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

извор: Makfax