Рускиот истражен комитет информираше дека сега го третира нападот на факултетот во Керх на Крим како убиство, а не како терористички напад, како што беше класифициран претходно, пренесува РТ. Прелиминарното испитување на телата на жртвите укажува дека тие починале од прострелни рани.

„Никој не бил убиен од експлозијата што го потресе факултетот“ објави Истражниот комитет.

Напаѓачот бил идентификуван како Владислав Росљаков (18). Росљаков, кој е студент на факултетот, бил снимен од безбедносните камери со пушка во рацете. Неговото тело со прострелна рана подоцна било откриено на факултетот.

„Истрагата смета дека овој млад човек ги убил луѓето на факултетот, а потоа извршил самоубиство”, велат од Комитетот.

Новиот наод доведе до преквалификување на кривичното дело од тероризам во убиство. Истражниот комитет исто така објави дека бројот на загинати се зголемил на 17 лица.

извор: Makfax