Експлозии во серија
Прексиноќа во центарот на Атина беа извршени шест помали напади врз три банки, две канцеларии на владејачката Нова демократија и Фондот за здравство. За среќа во нападите нема повредени, но е направена поголема материјална штета. Нападите се извршени со експлозивни средства околу три часот по полноќ, а засега никој не ја презел одговорноста за нападите. Полицијата за нив ги обвинува анархистички и крајно левичарски групи, кои најчето напаѓаат банки, јавни институции и странски објекти.