ЕКСКЛУЗИВНО! Цеца и Анастасија во жесток дуел, ги откриваат сите тајни на семејството Ражнатовиќ

Најголемата музичка ѕвезда и нејзината ќерка во улога на новинарки ексклузивно за порталот “Ало“.
Светлана Цеца Ражнатовиќ пред две години прославила 30 години музичка кариера, и освен големи хотови, иновативни спотови и спектакуларни концерти, фолк дивата неикогаш немала прилика да се проба во улога на новинарка и да се најде на другата стана на микрофонот.
Бидејќи секогаш морала да одговара на интригантни, шокантни и помалку скандалозни прашања, Цеца честопати знаела да им каже на новинарите : “Што се имам јас вас да ве прашам“.
Еве добила прилика, само што од другата страна е нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, млада музичка надеж.
Тие двете ги вкрстиле мачевите за роденденскиот број на “Ало“ и докажеле дека одлично се снаоѓаат во оваа бранша, а со посебни интригантни прашања се соочиле и двете.
Цеца: Дали некогаш си се покајала што си тргнала по моите стапки?
– Искрено, не! Уживам во оваа работа и досега немав никакви непријатни ситуации, така да нема причина да се каам. А имам и најдобар ментор, што многу ми ја олеснува работата (се смее)
Цеца: Има ли некоја моја стара песна која би сакала да ја снимиш во нов аранжман?
– Да. Ја обожувам песната “Што уште можеш да ми дадеш“, и мислам дка баш ќе биде интересно да се најде во нов аранжман
Цеца: Токму во “Ало“ прочитав твоја изјава дека би сакала да најдам дечко? Дали тоа беше само фора? (се смее)
– Знаеш и самата дека тоа не е фора. Млада си, успешна, никогаш поубава и би сакала да бидеш исполнета и на тоа поле.
Цеца: Одамна огуглав на измислици и наслови кои од време на време се појавуваат во поедини медиуми. Што те изнервира во последно време?
– Научена сум од мали нозе да не обрнувам внимание на глупости и лаги, како и кон луѓе кои со тоа се занимаваат. За нив најголемо задоволство ако успеат да предизвикаат реакција, а јас тоа не би им го дала.
Цеца: Постои ли нешто што си криела од мене, а сега е момент тоа да го признаеш?
– Ти ги знаеш сите мои тајни
Анастасија: Што прво си помислила кога си ме родила?
– Кога дојдов при себе по будење од тотална анестезија, веднаш сакав да те видам, да те држам во прегратка и помислив колку си нежна и дека на прв поглед те сакам…
Анастасија: Кога би морала да одлучиш кое ти е подобро дете. Вељко или јас, што би рекла?
– Зависи од тоа кој ден тоа би ме прашале. Тоа е една флуктурна титула… (смеење) Толку сте различни, толку мои и двајцата ве обожувам.
Анастасија: Зошто постојано им кажуваш на новинарите дека ти ја земам гардаробата? Зошто понекаогаш не кажеш дека и ти погледнуваш во мојот гардаробер (смеење).
– Затоа што сум постара, (се смее) и затоа што ја знам стандардната ситуација кога нешто незнам каде е, знам дека е кај тебе! Јас кај тебе отварам, но ништо не земем (смеење)
Анастасија: Многу се потенцира моето мажење, твоето повеќе никој не го споменува, честопати те прашуваа. Да не е можеби некоја завера во која си вклучена?
– Искрено да ти кажам, сите тие прашања мене ми се досадни. Допрва доаѓа твоето време за мажење, а кога ќе се биде, за то не одлучувам јас а ни новинарите, и за тоа не ми се зборува, а моето мажење можеби за неково е интересно, но мене не ми е.
Анастасија: Наведи две мои особнини кои те нервираат и немој да бидеш скромна? (се смее)
– Морам да размислам и сигурна сум дека и после седум дена размислување не би имала одговор на тоа прашање. Не затоа што си совршена, туку затоа што совршено те познавам во сите твои расположенија…
Анастасија: Постои ли нешто што од мени си сокрила, а сега е момент да признаеш?
– Ништо не кријам од тебе, тоа го знаеш и самата, а ова прашање го доживувам како шеговито во стил на “мали семејни тајни“.