Здружението на девизните штедачи на поранешната “Љубљанска банка” од Босна и Херцеговина, како и на банките со седиште во Србија, од босанските власти ќе побараат преземање на радикални мерки спрема Словенија и Србија за да им се вратат изгубените влогови. Здружението на состанокот што се одржа викендот во Сараево, донело одлука да побара од Претседателството на БиХ прекин на дипломатските односи со Словенија и СЦГ и ќе инсистира на забрана за увоз на стоки од тие земји. Имено, граѓаните од пред војната во БиХ не успеаја да ги подигнат девизните заштеди од словенечката “Љубљанска банка”, како и од белградските “Југобанка”, “Инвестициона банка”, ЈИК-банка, како и од “Поштенската штедилница”.