Министерството за економија преферира Градски аптеки – Скопје да се продадат во пакет на берза, дознава “Вечер”. За надлежните од ова Министерство понеприфатлива е варијантата половина од аптеките да се дадат под закуп, а да се продаваат само оние аптеки кои се во објекти сопственост на Градски аптеки. Иако ова не е дефинитивниот став, најверојатно во оптек ќе оди првичната варијанта за трансформација на скопските аптеки. Кончената одлука, најверојатно, ќе се знае до крајот на оваа, или почетокот на наредната недела. Со тоа ќе заврши приватизацијата на аптекарската дејност. Скопските аптеки се единствените кои се уште не се приватизирани во земјава. (Р.Н.)