Овој месец, ѕвездите на филмот “Dune” се во Будимпешта, бидејќи тие ќе снимаат нови сцени за монументалниот научно фантастичен филм на Денис Вилнев.

Ова значи дека Тимотеј Халамет, Оскар Исак, Ребека Фергусон и Зендаја повторно се во Унгарија.
Официјално, снимањето заврши во јули 2019 година, но како и со сите големи филмови, вообичаено е и дополнително снимање; тоа не значи дека има проблеми со квалитетот на веќе постојните сцени или продукцијата на филмот.

Овој филм ќе биде втора адаптација на романот на Френк Херберт, по оној режиран од Дејвид Линч во 1984 година. Покрај веќе споменатите актери, во филмот играат и Jејсон Момоа, Хавиер Бардем и Стелан Скарсгард.