x

Еибар е единствениот клуб во Ла Лига кој игра натпревари пред публика (фото)

Еибар е член на Ла Лига, мал клуб од Баскија кој живее од донации, спонзорски договори и од продажба на билети на домашните натпревари. Своите натпревари ги игра на стариот стадион „Ипуруа“ изграден во 1947 година со капацитет од 7,100 гледачи. Трибините се секогаш полни и се бара билет повеќе, а за оваа сезона биле продадени дури 5173 сезонски билети.

Но поради пандемијата стадионите се затворени за навивачи, а по паузата, Еибар своите натпревари ги игра со гледачи. Единствениот клуб од Ла Лига чии натпревари ги гледаат навивачи во живо. Како?

Местоположбата на стадионот го овозможува тоа. Од балконите на околните згради и куќи, од крововите, сите се добредојдени да гледаат натпревари на  Еибар. Баскијцие се чувствуваат како фамилија, па така секој е добредојден кај секого да гледа меч на Еибар и да навива за клубот.

На балкони со масичка и столчиња и мезе: сирење со зачини, џем, тортиљи, убаво вино… и скапоцен поглед на теренот на Ипуруа. На ниту еден друг стадион во Шпанија, барем од најсилната лига, го нема ова.

На пример во зграда до стадионот на седмиот кат живее Шепе Гаљастеги, тренер на Еибар во сезоната 1992/93. Тој вели го купил станов пред 35 години поради убавиот поглед кон теренот на стадионот. Тој заедно со своите соседи постојано ги гледа натпреварите на Еибар.

Овие балкони се убаво направени и даваат уникатен поглед на стадионот и на градот. Во близина на стадионот на Рајо Ваљекано исто така има згради со балкони меѓутоа погледот кон теренот е многу лош.

Меѓу 200 и 500 луше гледаат фудбал од балконите, а тоа не се само навивачи на Еибар. Кога се игра со соседните клубови тука има и бои на другите клубови, на пример со Атлетик Билбао.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата