За време на 40те години на минатиот век, Мајак, руската тајна фабрика за производство на нуклеарно оружје e направена за производство на плутониум за советскиот проект за атомска бомба.

Оваа фабрика руската влада вешто ја криела, а 50 години подоцна Борис Елцин го прогласи регионот за отворен. Научниците кои добиле дозвола да го посетат местото откриле дека станува збор за екстремно загадено место, поточно за најзагаденото место на целата планета.

Бидејќи овој регион е место за испитување на радиоактивен отпад, не само што е загадено и езерото, туку загадени се и околните места, воздухот и водата. Според последните податоци, стапката на заболени од рак е зголемена за 21 отсто, а 25 отсто повеќе се раѓаат деца со хендикеп, додека пак стапката за заболени од леукемија е зголемена за 41 отсто.

Токму поради овие податоци, пристапот до ова езеро е забранет. Впрочем, научниците велат дека еден час поминат во оваа област може да биде смртоносен.