x

Еду Реја: Не го сакам мечот со Косово, но немаме друга алтернатива

reya-shqiperia-e1605040012153

Албанија против Косово од 16:00 часот во пријателски натпревар. Соседите трет пат ќе играат меѓу себе, a денеска во Елбасан. Претходниот меч, одигран во мај 2018 година Косово го доби со 3:0, а пред него, во ноември 2015 заврши 2:2.

Сега повторно ќе играат, а селекторот на Албанија Еду Реја не е баш задоволен што пред предизвиците во Лигата на нациите ќе играат тест натпревар. Затоа италијанскиот стручњак најави комбиниран или можеби комплетно поинаков состав.

Да можев ќе го избегнев мечот со Косово, но немаме друга алтернатива. Се најдовме во тежок момент. Се надевам дека ќе најдеме мотивација да одиграме добар натпревар. Оние што прв пат се во националниот тим ќе дадат се од себе да се докажат и да ме убедат дека можам да сметам на нив во иднина“, изјави Реја.

По овој меч Албанија после Косово ќе игра два меча дома во ЛН против Казахстан (15.11) и Белорусија (18.11).

Идејата е да ги добиеме двата меча до крај. Не успеавме дома со Литванија, не победивме во Казахстан (0:0), а потоа на реваншот со Литванија (0:0). Сепак, ако ги добиеме следните два меча можеме да се најдеме на првото место на табелата“, вели Италијанецот.

Така тој за мечот со Косово најверојатно ќе им даде шанса на оние што малку играа до сега и на дебитанти. Прв пат во националниот тим се дефанзивците Алби Дока, Марсел Исмаилгечи, Ерион Хоџалари и Раман Чепеле кој има само 17 години. Потоа Казим Лачи, Шериф Калаку, Линдон Селахи и Енис Чокај во средниот ред и некој од Мирто Узуни, Талан Сефери и Армандо Броха во нападот.

И Косово потоа ќе игра два меча во Лигата на нациите. Сепак, оваа репрезентација нема шанси да скокне на првото место во групата. Со само два бода е на третото место, а ќе игра со Словенија во гости (15.11) и потоа дома со Молдавија (18.11).

И селекторот на Косово Бернард Шаландес има дебитанти Бетим Фазлији и Мирлинд Даку. И тој веројатно ќе оди со комбиниран тим, а ќе ги чува Муриќи, Рахмани, Ујкани, Војвода за дуелите од ЛН.

Очекуваме ГГ или 3+.

 

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ

АЛБАНИЈА – КОСОВО
среда, 16:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ или 3+

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата