x

Едуард Менди = Петр Чех

mendi-cech

Челзи се препороди откако на голот го стави Едуард Менди на местото на шпанскиот чувар на мрежата Кепа. Менди импресионираше со своите одлични одбрани, дефанзивниот ред се стегна и работите тргнаа на подобро. „Сините“ играат одлично, а Менди стана прв избор на тренерот Франк Лампард.

Сенегалецот одигра веќе 12 натпревари за „сините“ и прими само три гола, од Тотенхем, Рен и Шефилд Јунајтед. На девет натпревари ја сочува мрежата.

Потполно ист ваков ефект по првите 12 мечеви на голот на Челзи имаше и Петр Чех. Чешкиот голман прими голови од Порто, Саутемптон и Манчестер Сити, а ја сочува мрежата на девет натпревари.

Што е интересно и двајцата дојдоа на „Стемфорд Бриџ“ од Рен.

Чех на првите 35 премиерлигашки натпревари прими само 13 гола, а Челзи таа сезона ја освои првата шампионска титула по пауза од 50 години.

Менди оди по негов пат, ќе видиме како ќе продолжи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата