Лидерот на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, вечерва објави документ кој покажува колку пари се одвоени за прослава на Рамовниот договор, за промоција на меѓуетничките односи и за унапредување на односите меѓу заедниците.


ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА!

Исечокот од сликата што можете да ја видите е од прегледот на Фондацијата за демократија на Вестминстер, која секоја година прави преглед и анализа на новиот Буџет во споредба со буџетот од претходната година.

Но кога внимателно ќе го погледате предлогот за оваа година освен оние традиционални пресипи од шупљо во празно ставки со плус минус вредности од 5 до 20 проценти, онака упадливо боде очи зголемувањето на ставката број 12 за обележување на годишнината на РАМКОВНИОТ ДОГОВОР за 6.567 проценти или вкупната сума изнесува половина милион евра, пари со кои сосема слободно би можело да се организира евровизијското натпреварување за 2021 година. Не би сакал да глумам популизам и да кажувам каде се приоритетно се потребни пари во државата, но…

Може да се види и дека ставката број 11 за промоција на меѓуетничките односи е намалена за 16,67 проценти, а ставката број 13 за унапредување на односите помеѓу заедниците е намалена за 100 проценти и изнесува нула денари.

Во ставката број 14 избришани се и доведени до нула средствата на ИНФО центарот за унапредување на односите помеѓу заедниците.

Навистина ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА!