Едно лице загина во пожар кој избувнал синоќа во куќа во велешката населба Варналиите.

Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 80 години. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.

Пожарот избувнал околу 23 часот.  На велешките пожарникари им помагале колеги од Скопје и од соседните градови.

Денеска се очекува јавен обвинител да изврши увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот.

извор: Makfax