Се затвори најголемата досега забележана дупка во озонскиот слој над Северниот Пол. Тоа беше најголемата озонска дупка досега забележана над Арктикот, за која се вели дека е најголемата што научниците ја виделе скоро една деценија. Дупката се формирала претходно годинава, а научниците ја открија дури во март – и таа заздраве исто толку брзо како што и се формираше. Експертите од Атмосферската мониторинг-служба Коперник (КАМС) ја следеа дупката, истакнувајќи дека дотогаш „невидениот“ расцеп бил предизвикан од особено силен арктички поларен вител, а не од човечка активност. „Ѝ доаѓа крајот на досега невидената озонска дупка на северна хемисфера од 2020 година“, напиша групата на Твитер. „Поларниот вител се расцепи, пуштајќи воздух богат со озон во Арктикот. Оваа арктичка озонска дупка всушност нема никаква врска со карантините поврзани со коронавирусот, туку беше предизвикана од невообичаено силен и долготраен поларен вител“. Сепак, ова се неверојатни вести за животната средина и за климатските промени.

Што е поларен вител?

Поларниот вител е група од ветрови што кружат спротивно на стрелките на часовникот, најдени околу северниот пол, која го држи студениот воздух заробен околу регионот на Арктикот. Обично е послаб во текот на летото и посилен во зима. Кога температурите паѓаат доволно ниско, може да се формираат облаци што може да предизвикаат хемикалии што го уништуваат озонот, како хлор и јаглерод. Дупката беше забележана на 18 километри над површината на Земјата – озонот обично се наоѓа помеѓу 15-35 километри над површината на Земјата.

Copernicus [email protected]

The unprecedented 2020 northern hemisphere #OzoneHole has come to an end. The #PolarVortex split, allowing #ozone-rich air into the Arctic, closely matching last week’s forecast from the #CopernicusAtmosphere Monitoring Service.

More on the NH Ozone hole➡️https://bit.ly/39JQRU8 

Embedded video

2,602

Twitter Ads info and privacy

1,747 people are talking about this

Озонската обвивка е природен, заштитен слој на гас што нè штити од штетните УВ-зраци на сонцето. Дупката е мала во споредба со онаа над Антарктикот, која беше откриена пред скоро 40 години. Лани антарктичката дупка била најмала, велат научниците, кои се оптимисти дека може да продолжи да се затвора.