Додека грчките пожарникари и доброволци, прексиноќа, успеаја да стават под контрола поголем дел од пожарот во предградијата на Атина, вчера, во неколку населби на грчката метропола избувнаа нови жаришта. Активирани се уште неколку жаришта во предградието Неа Пандели, како и во квартовите Врилисија и Ано Кифисија. По наредба на грчкиот министер за внатрешни работи Прокопис Павлопулос, прогласена е вонредна состојба во атинските општини Кифисија, Мелисија и Неа Пандели. Поради поблеми со дишењето, вчера беа хоспитализирани најмалку десет лица, а поради пожарот делови на Атина останаа без струја и вода.