x

Едниот Ливерпул е англиски и европски шампион, другиот ИСПАДНА од лига

Ливерпул пред неколку недели ја освои шампионската титула во Премиер лигата и тоа после три децении, а се уште е европски првак. Се разбира, се работи за машкиот сениорски тим кој воодушевува во последните неколку сезони, а во оваа го направи тоа што навивачите долго, долго време го чекаат – титулата англиски шампион.

Додека момците на Јирген Клоп уживаат во успехот, друг тим на Ливерпул се дави во проблеми, а како резултат испадна од најсилната конкуренција. Се работи за женската екипа на Ливерпул која сезоната 2019/20 ја заврши на последното место во женската Супер лига. Девојките предводени од Вики Џепсон имаа разочарувачки резултати, а менаџерката ги критикуваше раководните луѓе затоа што не инвестираат повеќе во женската екипа. За разлика од женските екипи на шампионките Челзи и главните конкуренти за титулата Манчестер Сити и Арсенал, Ливерпул не троши многу на засилувања на женската екипа.

За тоа колкав е буџетот на Ливерпул покажува податокот дека до 31 мај 2019 само за плати се потрошени 733,257 фунти, додека како споредба за истиот период направената сметка на Манчестер Сити е 1,9 милиони фунти.

Раководството е обвинувано дека не се грижи доволно за девојките кои поголем дел се со полупрофесионални договори, a работат полно работно време за мали плати. Несредените работи допринесоа до очајни резултати и последно место на табелата со само 6 освоени бодови по 14 кола и паѓање во понизок ранг. Првенството е прекинато поради коронавирусот и одлучено е последниот да се оди во Чемпионшип, Челзи да биде шампион и заедно со Сити да играат во женската ЛШ наредната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата