Во Будимпешта ќе биде подигнат споменик посветен на бродската несреќа од минатата година на Дунав во која животот го загубија 25 туристи од Јужна Кореја и двајца Унгарци за кој владата издвои 175,75 милиони форинти, пренесе HungaryToday

На првата годишнина од бродоломот, на 29-ти мај, министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија и Јужна Кореја ќе подигнат спомен обележје за жртвите од катастрофата. Тој исто така рече дека унгарско-корејските автори откако го сработиле нацрт проектот побарале одобрување од членовите на семејствата на жртвите.

На 29.05.2019 година бродот „Викинг Сигин“ се судри со брод за туристички брод во кој имало 33 туристи од Јужна Кореја и двајца Унгарци во екипажот.

По судирот се спасени седум туристи, а останатите починаа. Едно од телата не е пронајдено до денес.