Честитка до граѓаните по повод 2 август испратија и од Единствена Македонија.

„Денес Македонија ја слави и чествува борбата за слобода и независност на македонскиот народ, го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија, кога со избувнувањето на Илинденското востание, ние Македонците докажавме дека сме слодољубив народ, жеден за правда, еднаковст и просперитет, и тоа се мотивите кои го предизвикаа и вториот Илинден 1944 година кога е создадена долгоочекуваната и со борба исткаена сопствена модерна македонска држава“, се вели во нивното соопштение.

Оттаму додаваат, браќа Македонци и сестри Македонки, ако борбата на нашите предци беше создавањето на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, бидејќи пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на пучистичката власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

„Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка за одбрана на вековното име, идентитет, јазик, култура и историја на македонскиот народ, Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ, никогаш нема да ја заборави жргвата на илинденците и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ“, стои во нивното соопштение.

извор: Makfax