Денеска е тажен и опасен ден со официјалното приклучување на Македонија во НАТО, спротивно на волјата на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, соопшти партијата „Единствена Македонија“.

„Да потсетиме, на референдумот на 30 септември 2018 народот кажа дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на името. Но, марионетската власт во Скопје купена и инсталирана од странски центар најгрубо ја погази волјата на народот дека не сака во геноцидните евроатлански организации кои бришат цел еден македонски народ од светската мапа на нации.

Со денешниот ден македонската војска се става на погрешна страна на историјата, бидејќи, македонските војници сега ќе се користат како топовско месо, а територијата на Македонија како НАТО-база во интерес на генцоидните проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Но, ако е за утеха, војниците на Армијата на Републка Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, време на новата легална власт на Единстевна Македонија која ќе ја спречи оваа налудничава идеја на марионетската влада во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Република Македонија кон меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија“ стои во соопштението на „Единствена Македонија“.

извор: Makfax