Доколку предвреме биде прекината соработката со најдобриот напаѓач, Александре Лаказете, раководните лица на францускиот гигант Олимпик од Лион, ќе се обидат да ги осигураат услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на италијанскиот калчолигаш Интер, Еден.

Бразилецот со италијански пасош не е многу задоволен од минутажата која ја добива во актуелната сезона и веќе не крие дека сериозно размислува за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Францускиот гигант ќе мора да одвои околу 15 мил. евра за обештетувањето на поранешниот напаѓач на Сампдорија.