Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(48) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Како што наведува МВР, на 25.10.2019, по шумски пат на влезот во с. Двориште, пријавениот управувал трактор со приколка натоварена со дрва, на која се превезувале и З.Ч.(34) и В.Г.(47), двајцата од с. Двориште.

Притоа, пријавениот изгубил контрола над возилото и удрил во канал покрај патот и во дрво, па се превртел, по што З.Ч. починал, а В.Г. се здобил со тешки телесни повреди.

извор: Makfax