Во утринските часови на 29 април во полиција било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која има и една жртва и двајца тешко повредени.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила на влезот во селото Зајас, а во неа учествувале „фолксваген голф“, со кичевски регистарации, управуван од 22-годишник од селото Србица, автомобил „сеат алхамбра“, со кичевска регистрација управуван од 63-годишник од Кичево и „форд ескорт“, со охридски таблички, управуван од 23-годишник од селото Горно Строгомиште.

Во незгодата, починал 54-годишник од Горно Строгомиште, сопатник во „фордот“. Со тешки повреди се здобиле возачите на возилата „форд“ и „сеат“, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

На местото бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.

извор: Makfax