Стравотна сообраќајна несреќа на патот Кичево се случила вчераутро, а во неа едно лице загина, две лица се потешко повредени.
Во несреќата, според полицијата, загина 22-годишниот Лиридон Емини, кој бил сопатник во возилото мерцедес”, со коешто управувал 30-годишниот Д.М. од Кичево.
Првичните информации говорат дека возилото удрило во електричен столб крај патот и се превртело.
Возачот и другиот сопатник биле повредени и пренесени во кичевската Болница. По укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.