Германските царински власти заплениле маски за лице и други медицински материјали наменети за Швајцарија во период кога европските држави се борат против пандемијата на коронавирус со ограничена медицинска опрема, пренесува РТ.

Властите заплениле висококвалитетни респираторни маски и друга заштитна облека за лекарите и општата популација при преглед на центарот за дистрибуција во Јухен, Северна Рајна-Вестфалија, извести „Рајнише пост“.

Американската кoмпанија 3М, наводно, планирала да ги извезе медицинските материјали во Швајцарија. Германија воведе забрани за извоз на такви стоки на почетокот на март, како дел од мерките против коронавирус на земјата.

Извори, цитирани од локалните медиуми, рекоа дека царинските службеници откриле неколку натоварени медицински материјали што се подготвувале за нелегална пратка. Неименуваните извори рекоа дека дел од заштитната опрема можеби била наменета и за САД.