Судот во Египет нареди ослободување на активистката за правата на жените Амал Фати, која беше приведена откако ја критикуваше владата дека е неспособна да се справи со сексуалното насилство.

Фати беше обвинета за ширење лажни вести во Мај откако објави видео во кое таа го кажува своето искуство.

И беше одредена две годишна казна затвор во септември, но таа не беше пуштена на слобода поради друг случај.

Во вторникот, судија изјави дека Фати треба да биде ослободена со кауција се до нејзиното судење.

Амнести Интернешнл ги повика властите веднаш да ја испочитуваат одлуката на судот и да ја ослободат Фати.

извор: Makfax