Патник од Холандија бил уапсен на аеродромот во Каиро поради обид да пренесе дрога во багаж, соопштија египетските власти.

Патникот, кој пристигнал од Амстердам, бил запрен и при претрес на неговиот багаж биле откриени околу 60 грама три различни психоактивни дроги.

Од египетската царинска управа известуваат дека тој имал хашиш, мет и екстази во багажот, како и 60 таблети забранет лек против болки, пренесува АП.

Идентитетот на уапсениот патник не е откриен.

извор: Makfax