x

Европското првенство на кое Македонија може да се пласира се одложува?

Европското првенство 2021 најверојатно ќе биде одложено, причината е поместувањето на Олимписките игри во Токио во периодот од 23 јули до 8 август следната година.

Евробаскетот е закажан за септември 2021 година во четири земји: Германија, Италија, Грузија и Чешка.

ФИБА сериозно размислува поради ОИ да направи промени во календарот.

“Откако се одложени Олимписките игри, ќе мора да седнеме и да разговараме за следните сериозни чекори кои ќе ги превземеме”, велат извори на ФИБА за “Спортнадо”.

Македонија во февруари ги одигра првите квалификациски средби за место на ЕП 2021, забележа два порази од Естонија и Русија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата