Европскиот суд на правдата (ЕСП) објави дека Берлин има право да ги депортира барателите на азил во другите земји членки на ЕУ, истакнувајќи дека лошите услови за живот во овие земји не се причина да ги блокираат депортациите, пренесува „Спутник“.

Судиите изјавија дека исклучоците се применуваат само во екстремни случаи кога мигрантот е лишен од храна, хигиена и наоѓање засолниште.

Освен тоа, ЕСП пресуди дека барањата можат да бидат отфрлени ако апликантот веќе добива субвенционирана заштита во друга земја во блокот.

Според„Зидојче цајтунг“, од јануари до крајот на ноември 2018 година Германија депортирала 8.658 баратели на азил во други земји на ЕУ, што е повеќе од претходниот рекорд од 7.102 депортирани лица.

Во текот на истиот временски период германската Канцеларија за миграција побарала од другите земји членки на ЕУ да земат 51.558 бегалци кои пристигнале во Германија, а 35.375 молби биле одобрени. Така, уделот на депортираните бегалци нагло се зголеми на 24,5 отсто од 15,1 отсто во 2017 година.

извор: Makfax