x

Европскиот првак со ново лице, но исти амбиции и желби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар 1961 тргна со нов состав, но иста мисија…Тренерот Стевче Алушовски на првата прозивка на располагање ги имаше сите ракометари освен Иван Чупиќ, кој на тимот ќе се приклучи во вторник.

На фудбалското игралишите кај СЦ „Јане Сандански“ истрчаа новајлиите Талески, Георгиевски, Гаџа, Вујин, Јотиќ, Кантегрел, Векиќ, Валчак, Јагуриновски…кои заедно со староседелците Столе, Дибиров, Калараш, Дисингер, Ристовски, Чупиќ и останатите млади момци треба да создадат совршена тимска хемија за добра сезона, исполнета со победи….

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата