Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди Бугарија за понижувачко однесување кон една брачна двојка, протерана од сопствената куќа во 1995 година, пренесува АФП. Судот донел одлука да се исплатат шест илјади евра компензација за нанесените морални и физички штети на турската брачна двојка од селото Брани Поле, Пловдив. Мохамед Ахмед Осман и неговата сопруга поднеле жалба до Европскиот суд против Бугарија, во која се пожалиле на лошо однесување кон нив и посегнување по нивниот имот. Имотот каде двојката ја изградила својата куќа бил денационализиран во 90-тите години и вратен на првите сопственици. На 12 мај 1995 година градоначалникот на селото заедно со двајца полицајци и сопствениците на имотот отишле во домот на двојката, која тврди дека била предмет на физички напади, откако одбиле да ја напуштат куќата. (Макфакс)