Европската народна партија која има мнозинство во Европскиот Парламент преку официјалниот Твитер канал посака на среќа на ВМРО-ДПМНЕ среќа на изборите на 15 јули.

ЕПП пишува дека борбата против корупцијата во нашата земја, независното судство, економските реформи и владеењето на правото мораат да продолжат.

– ЕПП  на нашата партија членка ВМРО-ДПМНЕ и посакува се најдобро за изборите на 15 јули. Борбата против корупцијата, за независно судство, економските реформи и владеењето на правото мора да продолжат. Слободни и фер избори се неопходни за да се доведе земјата на нејзиниот европски пат, стои во објавата на ЕПП